Рада Манојловиќ проговори за своето најлошо пијанство во авион: „Се заклучив во тоалет и заспав, настана хаос“

Пејачката Радмила Манојловиќ во една прилика направила хаос во лет за Америка кога се напила и заспала во тоалет.
Таа откри дека имала голем страв од летање кој се обидела да го победи со алкохол. Имено, Рада раскажа случка која се случила пред неколку години кога заедно со колегите од „Ѕвездите на Гранд“ имаше турнеја во Америка.
„Морав да се напијам за да го преживеам тој долг лет. Неколку пејачи од Гранд летавме за Америка, а еден од нив ме советуваше да се опуштам со алкохол. И јас го послушав, земав две шишиња со вино и ги испив на празен желудник“ раскажува пејачката и додава:


„Отидов во тоалет, се заклучив и заспав. Настана хаос. Стујардесите удираа по вратата, но не можеа да ме разбудат. Три часа поминав во тоалет, додека не дојдов на себе. Ми беше срам кога излегов од толаетот и сите патници гледаа во мене. „Ѕвездите на Гранд“ кои беа со мене ми рекоа дека сум ги посрамотила. Најмногу ме критикуваше Милан Станковиќ. Не можам да верувам дека се напив над 10 000 метри. Тоа ми се случи еднаш и никогаш повеќе“ вели Манојловиќ.
Таа додава дека не пие алкохол освен кога оди во родниот крај, па пие од ракијата на нејзиниот татко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.