Радувајте се рајо, доаѓа Меркел

Не може пократко да се опише, од насловот сеопштото народно чувство во пресрет на доаѓање на Меркел во Скопјенце северномакедонско… Греота е додуша што женава не дојде кога беше во зенитот на својата кариера, ами сега пред крај и кога и требаат масовни резервати да се чисти од своите грешки со примање на „ефтината работна сила“ која се покажа дека напати може да биде и агресивна, религиозно фанатизирана и секако подготвена да крева во воздух се што не „мириса“ на истиот културен идентитет. Греота е и што не најде за сходно да дојде во некогашна Република Македонија, на пример на отворање на стадионот или некој автопат. Или пак просто речено за добро.
Се сеќавам и на доаѓањето на Сиенен во 2001 година. Па тоа беа радости. Ќе не имало на глобална телевиција. Па Метју Ченс ќе споменеше Македонија а ние во колективен севдах. За да малку попосле разбереме дека ќе ни го сменат Уставот, дека ќе не симнат од народ кој ја основал државата со сопствена крв на составен дел од повеќе народи… и така натака. Аба баш и така натака. Арно не видовме. Ама барем на кратко се радувавме. Битните личности дошле и кај нас. Затоа велам да се радуваме сите. Онака силно и со емоции. 
Зошто на пример да не ја изненадиме па да и подариме улица. Може и мало спомениче. На местото на Ќосето. И така е празно. Се разбира никако на местото на Хасан Приштина да не го нервираме Ахмети поштениот. Па сепак со Ќосето ќе бидеме блиску и до орлите, односно до тој дел од градот каде што важат законите на Техеран или Исламабад…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.