Разбојничка кражба во скопски трговски центар: Украл гардероба и се заканувал со нож

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „разбојничка кражба“.

– На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна  корист од 38.376 денари, соопшти МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: