Ракометарите поразени и во вториот меч со Романија



Mакедонската сениорска ракометна репрезентација од Романија овојпат со резултат 28:24 беше поразена во вториот контролен меч меѓу двете селекции.

Романците започнаа фуриозно стекнувајќи позитива од 6:2, ние успеавме да намалиме на 6:4, а нешто подоцна да бидеме и на само „минус еден“ (8:7).

Но, по првото полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа негатива од „минус пет“ (15:10).

Црвен картон на стартот од вториот дел доби Кузманоски, домаќинот не ни дозволуваше повторно да се доближиме резултатски, па до крајот на дуелот само ја одржуваше предноста на пет-шест голови разлика (23:17, 25:20) и рутински дојде до победата.

Најефикасен во редовите на нашата селекција беше Серафимов со пет голови, а по четири имаа Митев и Пешевски.

Овие мечеви беа како подготовка за мундијалскиот бараж против Фарски Острови чии натпревари ќе се играат во мај.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: