Во магичноста на морските длабочини и времето добива нереална димензија. Францускиот шампион во слободно нуркање, Guillaume Nery го опишува овој спорт како патување помеѓу две вдишувања на воздух. Додека секој од нас во една минута вдишува 12 пати тој со едно земање воздух за 3 минути и 25 секунди успеал да се нурне 123 метри под нивото на водата.
Секој човек во состојба на мирување за една минута вдишува воздух во просек околу 12 пати. Со само едно полнење на белите дробови со воздух Nery стигнал до длабочина од 123 метри.
Како што вели самиот тоа било патување во непознатото, патување до крајните граници на човечките можности. Воедно, во текот на тоа епско нуркање тој нурнал и во длабочината на својата свест. Додека срцето побавно му чукало на неговиот ментален хоризонт со молскавична брзина се роеле сензации и впечатоци, а на целта го преплавило чувство на потполн спокој, среќа и целосно соединување со околината. Како и самиот да се претворил во капка вода изгубена во синиот бескрај. Времетраењето на сите тие незаборавни доживувања е само 3 минути и 25 секунди.
Тој веќе не се натпреварува туку нурка со камера во рака, за со прекрасните филмови и фотографии да ја долови поетичната страна на нуркањето.
Во тоа го поддржува италијанско-швајцарската фирма за луксузни часовници, Panerai. Од почетокот на оваа година тие нуркаат заедно, а тој од нивната колекција за професионални нуркачи со голема умешност го избрал моделот Luminor Submersible 1950 Amagnetic 3 Days Automatic Titanio PAM 1389 водоотпорен до длабочина од 300 метри.
Мажествено обликуваниот часовник има многу лесно куќиште од титан отпорно на удар и корозија, како и посебно изработен Фарадеев кафез за заштита од разните магнетски интерференции кои би можеле да влијаат на прецизноста на автоматскиот механизам на часовникот.Ова всушност е вообичаена пракса.
Најдобрите компании за луксузни часовници даваат свој придонес во заштитата на морињата ширум светот и на загрозените морски видови на животни. Тоа делумно го прават со приходите од продажбата, а делумно со снимање на впечатливи кампањи за своите технолошки бисири, кои беспрекорно работат и во големи длабочини.