Расне вредноста на берзата на американските компании. Ова ја враќа надежта за рестарт на економијата после пандемијата

Расне вредноста на берзата на американските компании. Ова ја враќа надежта за рестарт на економијата после пандемијата.

Инвеститорите беа внимателни, пред се поради протестите што ги зафатија САД, но и поради трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг. Главните берзански индекси во САД утрото го почнаа со минус, но кон пладне индексот на Дау Џонс порасна за 0.12 проценти, до 25.413 поени. Есендпи  порасна слично, за 0.10 проценти до 3047.34 поени, a Насдак порасна нешто повеќе, за 0.33 проценти, до 9521.40.

Поради протестите трговските марки за широка потрошувачка, Таргет и Волмарт ги затворија продавниците за време на безредијата. Следствено нивните акции денеска паднаа до 1.9 и 0.9 проценти.

Фармацевтските компании имаа загуба од 1.2 отсто. Потоа дојде непријатна вест. Соопштението дека Кина наредила државните компании да запрат со увоз на земјоделски производи од САД, откако Вашингтон објави дека ќе ги укине специјалните односи со Хонг Конг.

Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Кина претставува сериозна закана за рестарт на пазарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.