Распишана потерница за убиецот на Мартин Нешковски

Игор Спасов не е пронајден во родниот Штип. Изминатиот викенд, тамошната полиција го барала на различни локации каде според сознанијата на МВР можел да престојува, но неуспешно завршила дводневната потрага. Полицијата денеска го известила судот дека побегнатиот затвореник не е на територијата на општина Штип па е побарано потргата по Спасов да се прошири на територија на целата држава.


Од август лани Спасов не е во затвор. Судот во Штип одобрил да биде на слобода до октомври годинава, период кој требал да го користи за лекување. Прекинот на затворската казна траел до минатиот петок, по што Спасов морал да се врати зад решетки. Откако неговото легло во затворската ќелија останало празно, управата на Идризово го алармирала судот во Штип и Управата за извршување санкции.
Од судот во Штип појаснуваат дека со нивна дозвола и претходно Спасов го напуштал Идризово. Отпустот го користел за лекување ама се враќал на отслужување на казната.
Игор Спасов е зад решетки од 2011-та. Беше осуден на 14 години затвор заради убиството на Мартин Нешковски во центарот на Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.