Распишана потерница и за Порошенко

Министерството за внатрешни работи на Русија распиша потерница по поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко.

„Петар Алексејевич Порошенко, 26 септември 1965 година. Се бара според членот од Кривичниот законик“, се наведува во базата на податоци на веб-страницата на Министерството.

Кривичното дело поради кое се трага по него не е соопштено, пренесуваат руските медиуми.

Порошенко беше претседател на Украина од 2014 до 2019 година.

Министерството за внатрешни работи на Русија претходно распиша потерница по актуелниот украински претседател, Володимир Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи: