Расте бројот на разводи кај паровите кои се во карантин поради коронавирусот, на што се должи тоа?

Барањата за развод вртоглаво се зголемуваат кај паровите во карантин поради коронавирусот и кај двојките под финансиски стрес, тврдат врвните адвокати за бракоразводни парници кои забележале пораст од 50 отсто на барања од потенцијални клиенти, пренесува „Њујорк пост“.
Според водечките експерти за семејно право на Менхетен, некои двојки принудени да поминуваат време заедно додека во карантин во затворени станови не се снаоѓаат добро за време на појавата на коронавирус.


Освен тоа, драматичните падови на финансиските пазари дополнително ќе поттикнат бран разводи кај богатите двојки затоа што побогатите сопружници може ќе посакаат развод додека вредноста им е намалена, што потенцијално ќе им помогне да ги избегнат големите финансиски издатоци кон поранешните брачни партнери, велат правните експерти.
Адвокатот за развод кај богатите во Њујорк, Вилијам Д. Забел, потврди дека имале за педесет отсто зголемен број повици изминатата недела од луѓе кои бараат застапување за постапки за развод.
-Луѓето кои уживаа во зафатен живот одеднаш се наоѓаат затворени заедно, во време на неверојатна вознемиреност. Ако богатите луѓе бараат причина за развод, економскиот пад е често мотивација, нето вредност на побогатиот сопружник е помала, и затоа спогодбата би можела да биде помала. Очекувам дека ќе има голем број случаи на развод од висок профил во наредните месеци, вели тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.