Растурала црни магии, решавала проблеми: Тинејџерка сaкала да се збогати, вмешала и владика, па ја уапсиле

Тинејџерката К.Н. (19) од Бачка Паланка денеска е уапсена поради сомнение дека сторила кривично дело измама во обид.

Таа е осомничена дека на почетокот на декември направила веб-страница наречена „Отец Алексеј“, преку која ги повикувала граѓаните да и се обратат за да им помогне.

Рации во Белорусија: Апсење членови на семејства и пријатели на политички затвореници пред претседателските избори
Белоруските власти синоќа приведоа повеќе од 100 членови на семејства на политички затвореници во новиот бран апсења пред претседателските избори, закажани за јануари, на кои авторитарниот претседател Александар Лукашенко сака да добие …
Што се случува со телото ако имате интимни односи наутро? Експертите открија работи кои не сте ги претпоставувале
Ви ги откриваме придобивките кои експертите за сексуално здравје велат дека може да му се случат на вашето тело доколку се вклучите во утрински секс.Возбудувањето може да дојде поприродно (бидејќи некои нивоа на полови хормони се повисоки)Според гинекологот и …

Наивни луѓе, како што дознаваат српските медиуми, контактирале со неа верувајќи дека навистина комуницираат со отец Алексеј, а не со измамник.

-Во описот на страницата што ја направи таа изјави дека се занимава со отстранување црна магија, љубовна магија, враќање на најблиските, семејни проблеми… – вели изворот на Курир и објаснува:

– Нејзината веб-страница сега е затворена, а се викаше „Оче Алексеј“. На неа стоела фотографија од епископот Хвостански Алексеј Богиќевиќ, викар на патријархот на СПЦ Порфири, со што граѓаните се доведуваат во заблуда дека веб-страницата е негова.

Осомничената, како што соопштија претходно денеска од српското МВР, се обидела да измами маж (34) од Крушевац, од кого барала од 1.000 до 7.000 евра во зависност од услугата што ја барал, а таа наводно ја извршила.

Полициските инспектори од Крушевац брзо ја легитимирале и ја привеле осомничената, која ќе биде однесена на распит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.