Рафиња ја спаси Барселона од пораз (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант Барселона одигра возбудлив натпревар против Манчестер јунајтед, но немаше победник (2-2) на „Камп Ноу“ во првиот меч од нокаут-фазата во Лига Европа.

„Ѓаволите“ имаа добар шанса во 28. минута преку Вут Вегхорст кој излезе сам пред голманот Марк-Андре Тер Штеген, меѓутоа не успеа да го матира, а потоа Маркус Рашфорд имаше одлична шанса до крајот на првиот дел, но и тој удар беше одбранет од чуварот на мрежата на каталонскиот гигант.

Барселона прва се израдува на гол, и тоа во 50. минута преку Маркос Алонсо кој погоди за 1-0, но само три минути подоцна Рашфорд израмни на 1-1, а несреќниот Жил Кунде со автогол донесе пресврт за англискиот гигант (1-2).

Пронајдете не на следниве мрежи: