Врската помеѓу таткото и ќерката навистина може да се нарече посебна, и не е ни чудо што се вели дека сите ќерки се татини миленици. Веќе со денови на социјалната мрежа „ТикТок“ кружи видео кое ги освои срцата на многумина ширум светот.Имено, еден татко, чија работа бара често отсуство, се вратил дома по три месеци, а радоста и среќата на неговата ќерка добиле 2,6 милиони лајкови.Штом го здогледа, девојчето возбудено извика – Тоа е мојот татко и веднаш побрза да го гушне. Нивните насмевки и солзи радосници допреа многумина, а видеото собра 17,1 милиони прегледи.
Пронајдете не на следниве мрежи: