Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид со страшен пресврт во второто полувреме успеа да дојде до победа со 3-2 на гостувањето на Вилјареал, за да обезбеди четвртфинале во Копа дел Реј и да заборави на неделниот болен пораз во „ел класико“ од Барселона со загубениот Суперкуп.
Мадриѓаните кои во првенството се лизнаа кај Вилјареал со пораз со 1-2, денеска повторно беа на раб на бездната откако „жолтата подморница“ дојде до огромни 2-0 преку Етиен Капу во четвртата минута и Самуел Чуквуезе три минути пред паузата, но „кралевите“ не се предадоа, а повторно Карло Анчелоти „извади од ракав“ посебни адути за да дојде до пресврт.