Шпанскиот првак Реал Мадрид се сопна на „Сантјаго Бернабеу“, па одигра реми без голови против незгодниот Реал Сосиедад, по што Барселона избега на плус пет во трката за шампионската титула после ова 19-то коло, последно од првиот круг на сезоната.
Неочекувано блед меч одиграа „кралевите“ во кој првата ѕвезда Карим Бензема ја имаше најголемата шанса во 35-та минута, а колку и да доминираа на теренот, сепак не успеаа барем со еден гол да дојдат до три бода и со тоа да останат близу својот најголем ривал.
Вака, со третото сезонско реми, Реал има сега 42 бода од 18 меча, а Барселона е на 47 на првото место на табелата, додека Реал Сосиедад со третото реми дојде до39 бода на третата позиција на табелата.