Реал Мадрид за полувреме го здроби Елче – Бензема со два гола од пенал!

Шпанскиот првак Реал Мадрид ја намали предноста на Барселона на осум разлика откако вечерва за едно полувреме го здроби Елче, за да триумфира на крајот со 4-0 во мечот од 21-то коло кое викендов „кралевите“ не го играа поради настапот на Светското клупско првенство кое петти пат го освоија.

Карим Бензема со два пенали во 31-та и 45-та минута ја завери победата на Реал Мадрид, откако после само осум минути Марко Асенсио ја најави со погодокот за водство, a Лука Модриќ со погодок во 80-та само стави печат на убедливата победа.

Реал дојде до 15-та сезонска победа и сега имаат 48 бода на контото. Барселона со 56 бода е лидер после 21 рунда во Ла Лига.

Елче остана последен само со девет бода и едвај една победа досега во сезонава.

Пронајдете не на следниве мрежи: