Реал Мадрид поднесе жалба до Државното обвинителство за кривични дела од омраза и дискриминација по наводните расистички скандирања на навивачите на Атлетико Мадрид и на Барселона насочени кон Винисиус Јуниор, соопшти во петокот Кралскиот клуб.
Винисиус во четвртокот ја повика европската фудбалска асоцијација УЕФА да го казни Атлетико поради наводното расистички скандирања пред натпреварот на неговата тим во Лигата на шампионите против милански Интер во средата.
На видеото објавено на социјалните мрежи се чини дека навивачите на Атлетико пред стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид скандираат расистички навреди кон напаѓачот на Реал Мадрид.
Реал Мадрид соопшти дека жалбата била поднесена поради „расистичк и злостатување од омраза“ насочена кон Винисиус во близина на Олимпискиот стадион „Монжуик“ во Барселона и пред стадионот „Метрополитано“ во Мадрид пред натпреварите на Барселона и Атлетико во Лигата на шампионите.
„Реал Мадрид ги повикува обвинителите да побараат снимки достапни од двете локации за да се идентификуваат сторителите на злоупотребата“, соопшти клубот.
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид во повеќе наврати се жалеше дека бил цел на расистички навреди, што предизвика серија локални и меѓународни кампањи, вклучително и создавање специјален комитет за борба против расизмот на ФИФА.