Завршува реконструкцијата на детското игралиште во Влае 2, во спортско – рекреативната зона долж реката Вардар. Општина Карпош ги заменува старите и дотраени реквизити со нови.
На овој начин целосно се подобрија условите за рекреација и дружење на најмладите, имајќи предвид дека станува збор за еден од почесто посетените делови од Карпош.
Локалната самоуправа континуирано работи на санација и реконструкција на детските игралишта во сите населби.
Неодамна, општина Карпош направи целосна реконструкција и на игралиштата во Козле (долж „Јуриј Гагарин“), Жданец и Карпош 4 (ул. „Никола Парапунов“).
Во Карпош има повеќе од 60 зони за најмладите и затоа ги повикуваме граѓаните на одговорно и совесно користење на овие реквизити и урбаната опрема (клупи и корпи) во рамки на игралиштата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.