Јапонија во јануари го оствари најголемиот месечен трговски дефицит во својата историја, со оглед дека ослабениот јен го зголеми трошоците за увоз на горива, покажуваат официјалните резултати објавени во средата.Третата по големина светска економија заглиби во рецесија, а оптимистичкото расположение на берзите и кај аналитичарите се уште не се преточи во позитивни макроекономски податоци.Јапонското министерство за финансии соопшти дека Јапонија во јануари забележа дефицит од 1.630 милијарди јени (17,4 милијарди долари), што е најголем месечен трговски минус во историјата на земјата на изгрејсонцето . Претходниот рекорден дефицит е забележан во јануари минатата година и изнесуваше 1.480 милијарди јени.Извозот во јануари годинава на годишно ниво се зголемил за 6,4 отсто, што е прв пораст за осум месеци, додека увозот пораснал на 7,3 отсто, поттикнат од повисоките цени на нафтените деривати, природниот гас и сировата нафта.
МакфаксЈапонија во јануари го оствари најголемиот месечен трговски дефицит во својата историја, со оглед дека ослабенио