Да се потсетиме, на тоа како работите се тераат во Македонија, во случај да сте заборавиле… Пред некоја година беше објавена оваа вест, вечерва ја преобјавуваме.
31 – годишен велешанец ќе лежи три години во затвор, затоа што ограбил кафеана и направил штета од 6.000 денари. Минатата година во мај (2014), тој влегол во кафеаната и украл 150 ќебапи, 20 плескавици, 2 литри лозова ракија, два литри узо, еден литар мастика, еден литар коњак, 10 лименки пиво, краставици, домати, различни видови сувомесни производи.
Обвинетиот го признал делото, а казна затвор му изрече судот во Велес.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.