Македонскиот пијанист со светско реноме Симон Трпчески во интервју за црногорскиот весник „Вијести“ уште еднаш го промовира својот патриотизам и својата љубов кон татковината Македонија.
- Чудното суштество снимено во американски парк ги изненади сите што го видoa
- Букмејкерите предвидуваат дека Тајсон би можел да го гризне Пол – за пенисот!
- Доживеала силување и инцест, а потоа станала зависна од ботокс: Беше голема холивудска ѕвезда, а потоа се деформира од инјекциите и само исчезна… (фото)
- На Путин му беше претставен голем план, се однесува на нафтените компании и на многумина нема да им се допадне: Дали ќе размисли за тоа
- Скијачката Атанасовска испишува историја – прва ќе настапи на трка од Светскиот куп!
На прашањето „Благодарејќи на клавирот, го обиколивте целиот свет, имавте бројни концерти и Ве сметаат за еден од највиртуозните пијанисти на светот. Колку му е тешко на еден талентиран музичар од мала земја каква што е Северна Македонија да се пробие на светската сцена?“, маестро Трпчески одговори:
„Македонија (никогаш нема да користам одредници како северна, јужна, западна пред името, затоа што мислам дека тоа е прашање на политика) е мала земја како Црна Гора и вистинско чудо е човек од толку мала држава да успее да ги досегне височините.
Апсолутно сум горд на тоа што сум од Македонија и што потекнувам од скромно семејство, со нозете сум цврсто на земја и никогаш не сум заборавил кој сум, што сум и од каде потекнувам. Мислам дека тоа е успех на една личност. Секој има право на надеж и треба да се бори. Татко ми секогаш велеше дека животот е борба.
Ова што сум денес се должи, пред сè, на моето семејство, кое секогаш ме поддржувало. Имавме исклучително лоши услови за живот, па дадоа повеќе од што можеа за да имам можности и шанси. Им должам и на моите професори, кои несебично ми дадоа знаење и горд сум што сум производ на македонското образование. Научив многу кога почнав да патувам низ светот, запознав многу луѓе, неверојатни личности, бев отворен и подготвен за нови знаења.
Поради мојата отвореност, станав и духовно богат. Јас сум едноставна личност и тоа ми помага во животот, иако денешниот свет е поинаков и оди во чудни правци. Верувам во чистотата на човечката душа, во природата, отвореноста на изразувањето и моќта на музиката.
Можам да кажам дека луѓето кои доаѓаат од мали земји и кои имале многу предизвици се поцврсти, знаат како да стигнат до целта. Друг проблем е што владите на овие мали земји не сакаат да одат напред побрзо за да се развиваат, но што е – тука е. Немаме време за чекање, треба да одиме напред и тоа го знаат сите свесни луѓе од која било професија. Горд сум што доаѓам од Македонија и што успеав да го направам сето тоа и одам напред“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.