Повеќе од 600 илјади граѓани на Македонија одговорија позитивно на референдумското прашање. Но, по гласањето на кое излезноста беше само нешто повеќе од 36 насто Македонија е исправена пред многу нови прашања и неизвесности.
Еден од двата услови за успешен референдум не е исполнет, изјави претседателот на ДИК , Оливер Дерковски, по соопштувањето на прелиминарните податоци за излезноста на гласањето, која не го достигнува законски утврдениот цензус од 50 проценти. Според последните податоци од ДИК, по пребројани 98,61 проценти од гласовите, одзивот изнесува 36,87 насто. Процентот на оние кои гласале „за“ е 91,48 насто, додека „против“ гласале 5,64 проценти.