Рецептот за тост од авокадо е многу вкусен и едноставен. Можете да го подготвите кога ви претстои напорен ден, бидејќи ќе ви даде енергија, а нема да ви одземе премногу време за подготовка.
Ова овошје содржи здрави природни масти, кои го прават заситен, што го прави идеален за појадок.
Состојки
1 авокадо
2 тост лепчиња
200 грама печурки
Бибер
Лимонов сок
1 чешне лук
Путер
Подготовка
Загрејте го путерот и ситно исечкајте го лукот, па пропржете. Лебот испечете го во таа тава, додека не добие златна боја од двете страни. Во истото тавче пропржете ги и исечканите печурки.
Исечете го авокадото на средината, а потоа изгмечете ја внатрешноста и додајте сол, бибер и сокот од лимон. Сè добро измешајте. Врз тостот намачкајте го авокадото, а врз него ставете ги печурките.
Уживајте!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.