Рецепт за англиска пита со тиквички

Потребни состојки:
За тесто:
500 гр мазно брашно
30 мл масло
половина кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
200 мл вода
4 тиквички
1 парче бело месо
300 гр младо сирење
200 гр павлака
100 гр неутрална павлака
50 мл млеко
4 јајца
4 лажици гриз
70 гр пармезан
100 гр сирење
2 лажички масло
1 лажичка сол
прстофат бибер


Начин на подготовка:
Измесете мазно тесто од брашното, маслото, прашокот за печиво, солта и водата. Обликувајте го во топка и оставете го да стои половина час во фрижидер. Исечете ги тиквичките на многу тенки кругови, посолете ги и ставете ги во цедалка за да капе вода што ја ослободуваат. Измешајте ги сирењето, кашкавалот, двете павлаки и млекото. Мешајте додавајќи едно по едно јајце, гриз и пармезан. Додајте сол и бибер по вкус и на крајот додајте ги тиквичките и исечканото бело месо. Развлечете го тестото во круг и ставете го во подмачкан калап. Одозгора ставете ја подготвената смеса и печете околу еден час на температура од 170 Целзиусови степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.