Ако сте решиле да се храните здраво, тоа не значи дека ќе треба да поминувате повеќе време во кујната. Се разбира, на некои јадења им треба подолго време за готвење и подготовка, но има безброј рецепти за брза и здрава храна. Денес ви споделуваме еден од нив.
Потребни состојки:
1 голема интегрална тортилја
30 грама рукола
2 супени лажици пченка
1/2 црвена пиперка
2 супени лажици хумус
2 варени јајца
1/4 авокадо, исечкано на коцки
Начин на подготовка:
1.Загрејте ја тортилјата на тава.
2.Намачкајте ја тортилјата со хумус.
3.Додадете го зеленчукот, авокадото и исечканите варени јајца.
4.Завиткајте и декорирајте со салата. На здравје!