Рецепт за евтин, но совршен појадок: Едноставен, брз и многу вкусен

Денеска ви претставуваме рецепт за совршен и брз појадок кој ќе го обожуваат сите во вашиот дом.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • прстофат сол
  • прстофат црн бибер
  • 6 гр. прашок за печиво
  • 90 гр. брашно
  • 100 гр. шунка
  • 60 гр. рендан кашкавал
  • 100 гр. фета
  • малку магдонос
  • 1 црвена пиперка
  • масло за јадење

Начин на подготовка:
Во подлабок сад изматете ги јајцата и додадете прстофат сол, црн бибер, прашок за печиво и брашно, па добро промешајте.
Во садот потоа додајте ја исечканата шунка, кашкавалот и фета сирењето. Исечкајте ја и пиперката и магдоносот и додајте ги во смесата, па измешајте за да се соединат состојките.
Подмачкајте една тава за печење со масло, а потоа со помош на лажица ставајте од смесата. Пржете од двете страни додека не добијат златножолта боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.