Доколку обожавате кајсии, зошто не го пробате нашиот денешен рецепт за вкусни и сочни мафини со кајсии? Прочитајте го во продолжение!
Потребни состојки:
2 јајца
100 грама шеќер
80 милилитри масло
210 милилитри јогурт
300 грама брашно
1 кесичка прашок за пециво
300 грама кајсии
шеќер во прав
бадеми
Начин на подготовка:
1.Во сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Измијте ги, исчистете ги и исечете ги на помали парчиња кајсиите. Најдобро е кајсиите да се средно меки, а не тврди и кисели. Оставете ги настрана.
2.Во друг сад изматете ги јајцата со виљушка, додадете шеќер и убаво измешајте. Додадете масло, измешајте, па додадете јогурт и убаво измешајте. Во таа смеса додадете брашно измешано со прашок за пециво, па сè убаво промешајте.
На крај додадете ги сечканите кајсии.
3.Во секоја дупка од калапот за мафини ставете хартиени корпи и во нив прелијте ја подготвената смеса и наросете сечкани бадеми. Печете во рерна загреана на 180 степени целзиусови сè додека не добијат убава кафена боја одозгора. Печените мафини оставете ги во калапот околу 5-10 минути, а потоа извадете ги. Пред сервирање посипете ги со шеќер во прав. На здравје!