Потребни состојки:
1 кг моркови
3 лажици путер
2 лажици мед
2 лажици сок од лимон
½ лажичка цимет во прав
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1. Излупете ги морковите, исечете ги на помали парчиња и ставете ги да се варат во вода.
2. Варете ги околу 15 минути или додека не омекнат.
3. Исцедете го вишокот вода и изгмечете ги морковите во пире.
4. Додајте ги растопениот путер, медот и сокот од лимон. Измешајте сè добро.
5. Додајте сол и бибер по желба и малку цимет. Измешајте сè добро и послужете со месо по желба.