Рецепт за посна бадникова погача – симбол на предбожикната трпеза

За овој Бадник ви предлагаме да замесите вкусна погача, а на вас останува дали ќе ставите паричка или тој адет ќе направите со питата за Стара нова година.

За Бадник се приготвува посна вечера, а на трпезата треба да има и погача, која уште се нарекува и поскура, чесница и кравајче. Покрај оваа фантастична посна погача, на трпезата треба да има и суви сливи, смокви, овошје и парички. Верувањето е дека колку повеќе различни плодови ставите на трпезата, толку поплодна ќе биде годината. Обичаите зависат од регионот во кој живеете, но она што е важно за секој регион е погачата да се крши, а не да се сече.

Потребни состојки:
400 мл топла вода
1 рамна лажица сол
1 кесичка прашок за пециво
50 мл масло
700 гр брашно

Подготовка:
Во вода измешајте ги солта, прашокот за пециво и брашното (200 гр), па додадете масло и со миксер убаво измешајте за да добиете изедначена смеса. Потоа додадете ја преостанатата количина брашно и замесете тесто. Тестото се премачкува со масло (околу 2 лажици), се покрива и се остава да отстои половина час. Потоа се вади на набрашнета површина, па се растегнува со рака за да направите погача (како поголема и потенка лепиња). Округла тава подмачкајте со масло и посипете ја со брашно, а потоа ставете ја погачата и повторно поклопете ја, па оставете ја да отстои 20 минути. Премачкајте ја со масло, па печете во загреана рерна на 200°C околу 30 минути. Готовата погача премачкајте ја со вода, завиткајте ја во крпа и оставете да седи така сѐ до сервирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.