Принципот на подготовка на сармата и полнетите пиперки е речиси ист: зеленчукот (пиперки или кисела зелка) се полни со смеса од мелено месо и ориз, а единствената разлика е што полнетите пиперки се готват во повеќе доматен сос, па вкусот е различен.
Посебно е важно да се внимава на соодносот меѓу месото и оризот, а тоа е клучната работа доколку сакате полнетите пиперки да излезат како што треба.
Потребни состојки:
пиперки со средна големина
1 кг мешано мелено месо
1 јајце
1 кромид
половина чешне лук
230 гр ориз
зачин од сушен зеленчук
сол
бибер
2 лажици мелена слатка црвена пипер
китка ситно сечкан магдонос
7 дл доматен сос
3 дл вода
мала шолја брашно
Подготовка:
Пиперките измијте ги, отстранете ја рачката и издлабете ја внатрешноста (исчистете ги од семките). Имајте на ум дека зелените и црвените пиперки имаат различен вкус. Можете да користите од двата вида. Во поголем сад измешајте месо, ориз, јајце, кромид, лук и зачини. Добро измешајте ја масата со рака додека не стане компактна. Наполнете ги пиперките со лажица до 1 сантиметар под врвот (затоа што месото ќе се „крене“ при готвењето). Во големо тенџере сварете доматен сос со вода. Посолете и побиберете и оставете да зоврие. Потоа во тенџерето ставете ги полнетите пиперки.
Гответе на тивок оган најмалку 1,5 час, додека месото не омекне. Кон крајот на готвењето во тенџерето истурете го брашното измешано со малку вода со додавање на лажичка или две мелена црвена пипер. Во основа, тоа е лесна верзија на запршка без масло. Меѓутоа, доколку сте љубители на појака запршка, тогаш истото брашно пропржете го на малку масло, сечкан лук и црвена пипер и додека мешате со жица за матење додавајте вода додека не ја добиете конзистентноста на сосот. Потоа истурете ја запршката во тенџерето. Уште малку варете и готово е.