Рецепт за солени бомбици со сирење

Вашите гости сигурно ќе се вљубат во овие вкусни бомбици со сирење и многу зачини!
Рецепт за солени бомбици со сирење
Потребни состојки:
230 гр козјо сирење
230 гр крем сирење
1 лажица сечкан свеж магдонос
лажица 1 сечкано свежо пиперче
1 лажица свежи лисја од мајчина душица
малку ситно рендана кора од лимон
сол и свежо мелен црн пипер по вкус
65 гр пињоли


Начин на подготовка:
Блендирајте ги козјото сирење, крем сирењето, магдоносот, пиперчето, мајчината душица и кората од лимон додека не се соединат, околу 1 минута. Зачинете со сол и црн пипер. Изладете додека не се стегне малку, околу 30 минути.
Ставете ги пиљолите во една чинија. Од смесата со сирењето направете топчиња, а потоа извалкајте ги во пињолите. Изладете додека не се стегнат целосно, од 1 до 2 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.