Рецепт за фини панирани тиквички кои би ги јаделе цело лето



Сезоната на тиквичките е во тек! Вистинскиот момент е да ја искористите оваа вкусна и нискокалорична храна што можете да ја динстате, печете и пржите.

Ви го пренесуваме наједноставниот рецепт за фини и крцкави панирани тиквички, со само малку вкусен сос и салата на база на крем.

Состојки:
2 тиквички со средна големина
3 јајца
75 грама брашно
200 грама лебни трошки
сол
растително масло за пржење
Подготовка:
Тиквичките добро измијте ги со кора, исушете ги и исечете ги на прстени. Колку се потенки прстените, толку пократко ќе треба да ги печете и на крајот ќе бидат покрцкави.
Во три различни чинии распоредете ги добро изматените јајца, брашното во кое сте додале малку сол и презла.
Потопете ги тиквичките во брашно, јајце и презла. Повторете ја истата постапка додека не ги потрошите сите состојки.
Ако сакате дополнителена крцкавост, можете двојно да го потопите во јајца и презла.
Се пржат на врело масло неколку минути или додека тиквичките не добијат златно кафеава боја од двете страни. Важно е маслото добро да го покрие панираното парче тиквичка.
Испечените тиквички ставете ги на хартија за да се впијат маснотиите.
Вака препечените тиквички можете да ги пржите и на топол воздух без маснотии.
Тиквичките  послужете ги со сос по избор и со салата.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: