Рецепт стар еден век: Педијатар спасил животи на милиони деца со едноставна супа од овој зеленчук

Ернест Моро е роден во 1874 година, во Љубљана, која тогаш била дел од Австро-Унгарија. Студирал на Универзитетот во Грац, Австрија, а подоцна станал професор по педијатрија на Универзитетот во Хајделберг.

Во тоа време, педијатријата штотуку се развивала како независно поле на медицината во Европа, а стапката на смртност на доенчиња била многу висока, достигнувајќи речиси 25 проценти.

Една од главните причини зошто илјадници бебиња умирале тогаш била дијареата.

Д-р Моро успеал да најде начин да ги спаси тие бебиња, а неговиот лек бил едноставен и генијален во исто време.

Ернест Моро предложил на бебињата да им се дава супа од моркови приготвена по негов рецепт. Се покажало дека оваа едноставна супа ја спречува дијареата кај доенчињата, дури и во нејзините најлоши форми, а овој рецепт помогнал да се спасат илјадници малечки.

Подоцнежните студии покажале дека олигосахаридите кои се наоѓаат во оваа супа од морков ги спречуваат бактериите да се залепат на ѕидовите на цревата, спречувајќи ја дијареата.

Со текот на времето, овој лек беше заменет со антибиотици и лекови против дијареа, но во тоа време помогнал драматично да се зголеми стапката на преживување на новороденчињата.

Морово млеко за дополнително хранење на бебиња
Исто така, д-р Моро инсистирал на стерилизирање на шишињата за бебињата, како и на хранење на бебињата со мајчино млеко, што ги прави децата поотпорни на многу болести (многу подоцна станало јасно дека децата се заштитени со антителата на мајката, за разлика од вештачките млека кои воопшто не штитат).

Го измислил и „Моровото млеко“ за вештачко хранење на бебиња. Имено, тој открил лактобацили содржани во ферментираните млечни производи и ја покажал нивната предност.

Докторот го открил и рефлексот кој е присутен кај бебињата во првите месеци од животот: ако се создаде остар звук во близина на главата на бебето, тоа прво ќе ги рашири рацете, ќе ги рашири прстите, а потоа ќе ги спои рацете, правејќи тупаници.

Доколку овој рефлекс не постои, тоа е знак за оштетување или стагнација во развојот на централниот нервен систем.

На пример, рефлексот на Моро или неговото отсуство, исто така, може да укаже на церебрална парализа.

И покрај сите овие откритија, Моро живеел скромно, никогаш не му била дадена заслуга за споменатото откритие, веројатно затоа што неговата сопруга била Еврејка, па неговата академска кариера била прекината во 1930-тите.

Живеел до 74-годишна возраст, практикувајќи педијатрија во приватна пракса.

Рецепт за супа од моркови
Мороовата супа од моркови има само 3 состојки:

килограм моркови;

литар вода;

3 грама сол;

Приготвување:

За да ја зготвите супата, треба да ги измиете и исчистите морковите и да ги варите во вода додека не омекнат.

Морковите процедете ги низ сито и додајте вода за вкупната количина на течност да биде 1 литар. Додадете прстофат сол.

Се покажало дека оваа едноставна супа ја спречува дијареата кај доенчињата, дури и во нејзините најлоши форми, а овој рецепт помогнал да се спасат илјадници бебиња.

Подоцнежните студии покажале дека олигосахаридите кои се наоѓаат во оваа супа од морков ги спречуваат бактериите да се залепат на ѕидовите на цревата, спречувајќи ја дијареата.

Со текот на времето, овој лек бил заменет со антибиотици и лекови против дијареа, но во тоа време помогнал драматично да се зголеми стапката на преживување на новороденчињата.

Пронајдете не на следниве мрежи: