Речиси половина од Германците поддржуваат враќање на задолжителниот воен рок






Околу половина од германските граѓани го поддржуваат враќањето на задолжителниот воен рок, јави ДПА, повикувајќи се на анкета подготвена од Институтот Форца.

Во анкетата нарачана од германскиот магазин „Штерн“, 52 отсто од испитаниците гласале за задолжителен воен рок. Околу 43 отсто биле против,  а пет отсто не се изјасниле.

Според податоците, воениот рок најмногу го поддржуваат лицата постари од 60 години, од кои 59 отсто дале позитивен одговор. Во возрасната група од 18 до 29 години, додека 59 отсто се изјасниле дека се против.

Воениот рок во Германија беше укинат во јули 2011 година по 55 години.

Минатата година 181.500 мажи и жени служеа во германските вооружени сили.

Министерот за одбрана Борис Писториус во моментов ги разгледува опциите за задолжителна воена служба во земјата. Тука спаѓа и моделот на регрутирање кој се практикува во Шведска, каде што сите млади мажи и жени добиваат повик, а одреден број добиваат понуда за служба.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: