Научниците мислат дека конечно ја решиле вековната мистерија за тоа како 31 египетска пирамида, вклучувајќи ја и познатата Голема пирамида во Гиза, биле изградени пред 4.000 години.
Револуционерното откритие на истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина Вилмингтон откри дека пирамидите биле изградени покрај сега затрупаниот крак на реката Нил, која е скриена под пустински песок и обработливо земјиште.
Археолозите со години претпоставуваа дека Египќаните користеле воден пат за транспорт на масивните камени блокови и други материјали потребни за изградба на пирамидите. Сепак, точната локација и природата на овој воден пат досега не беа утврдени.
Се верува дека речниот крак Ахрамат, кој се протега на речиси 64 километри, бил користен како воден пат за работници и градежни материјали. Во истражувањето се користени податоци добиени со радарски уреди и геофизички истражувања.
Според гореспоменатото истражување, голем број египетски храмови сè уште не се пронајдени и можно е да се закопани под обработливи полиња и пустински песок долж кракот Ахрамат. Останува неизвесно зошто оваа вода пресушила. Според истражувачот Еман Гонеим, најверојатно периодот на суша и опустинување довел до тоа песокот да го зафати целиот регион, пренесува Euronews.