Летото е навистина убава сезона, но и тоа си има свои недостатоци. Овие трикови ќе ви помогнат да се справите со 8-те најчести проблеми со кои се соочуваат речиси сите во текот на летото.
1. Потење и миризба
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Потењето и непријатната миризба на стапалата и пазувите можат целосно да го уништат вашиот летен имиџ. Најдобро е да носите облека и чорапи направени од природни материјали, како памук или кожа. Секојдневно менувајте ја облеката и редовно туширајте се. Друг начин да го спречите потењето е да го замените кафето со зелен чај. Исто така внимателно одберете го дезодорансот што најмногу ви одговара.
2. Осип од брич
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Осипот од бричењето може да се појави ако ретко го бричите телото во текот на зимата, особено на чувствителните места како пазувите и бикини зоната. За да ги намалите црвенилото, отоците и чешањето, измешајте неколку капки масло од лаванда во вашиот лосион и нанесете го на проблематичните места. Исто така можете да употребите и неколку пасирани јагоди и да ги измешате со лосион. Нанесете на проблематичните места и исплакнете со топла вода.
3. Иритација на кожата на внатрешната страна на бутовите
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Ако сакате кратки панталони или мини здолништа, пешачењето во топлите денови може да ја иритира кожата на вашите бутови. За да се ослободите од овој проблем, редовно навлажнувајте ј кожата. Користете лосиони кои содржат природни витамини Ц и Е, или екстракт од краставица. Туширајте се секојдневно и осигурете се дека добро сте го исплакнале шампонот. Туширајте се со млака вода за да ја намалите иритацијата. Немојте да нанесувате мраз на проблематичните места бидејќи можете да предизвикате смрзнатини.
4. Комарци
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Комарците и другите инсекти може да ве каснат, да влезат во вашите храна и пијалаци или само да ви додеваат со нивното зуење. За да ги држите настрана можете да пробате неколку трикови. Можете да користите силиконски конец или мрежа за да ги покриете вратите и прозорците. Купете природни средства против инсекти коишто содржат масло од чајно дрво или масло од еукалиптус и лимон. Маслата од цимет и цитронела се познати по тоа што ги држат комарците подалеку од вас. Ако имате базен, редовно чистете го за да го спречите множењето на комарците во водата.
5. Прашина
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Прашината што влегува во домот преку отворените прозорци може да биде главна причина за појава на алергии и астма. За да ја одржите куќата чиста, а вашето тело здраво, чистете со правосмукалка барем еднаш неделно, менувајте ја постелнината секоја недела и користете прекривачи отпорни на прашина. Исто така ослободете се од непотребните предмети во домот за да си го олесните чистењето. Редовно чистете ги миленичињата и подовите. Ако имате деца со алергии, чувајте ги кадифените играчки во замрзнувач 48 часа пред да им ги дадете на децата. Ова ќе ги убие прашинските грини.
6. Труење од храна
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Дијарејата, гадењето и повраќањето се најчести симптоми на труење со храна, а јадењето на нешто погрешно е навистина често во текот на летото. Луѓето често се собираат на гозби каде што храната што ја консумираат може да се расипе од топлината. Ако труењето е поблаго, доволно е да пиете многу вода и да се одморите. Но, ако ги чувствувате симптомите повеќе денови и забележите крв во вашата столица, најдобро е да се консултирате со лекар. За поблаго труење можат да ви помогнат сокот од домати, лубеницата и маслинките. Овие производи се богати со антиоксиданси и ќе ги отстранат токсините од телото. За да го спречите труењето, внимателно чистете ги овошјето и зеленчукот, консумирајте свежа храна и проверувајте го изгледот и мирисот на секоја храна што ја внесувате.
7. Сува кожа
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Сувата кожа под влијание на жешкиот сув воздух може да предизвика чешање, пукнатини, брчки и промена на бојата. Работењето со хемикалии и на високи температури може само да ја влоши состојбата. За да го избегнете ова, туширајте се со гелови за навлажнување наместо со сапун. Нанесувајте навлажнувачки креми соодветни за вашата возраст. Редовно чистете ја кожата и користете лосион со салицилна киселина. Не заборавајте да нанесете заштитна крема за сончање, да носите очила и доколку можете да се откажете од пушењето бидејќи ја спречува нормалната циркулација на крвта во кожата. Исто така можете да набавите навлажнувач на воздух за вашиот дом и да носите облека од природни материјали.
8. Изгореници од сонце
Решенија за 8-те најчести проблеми во лето
Изгорениците од сонце најчесто се појавуваат на незаштитена кожа. За да ги избегнете покријте го телото со облека, а главата со шапка. Нанесувајте заштитна крема на секои 2 часа, или почесто ако пливате и пијте многу вода. Ако веќе сте добиле изгореница, нанесете крема со алое вера или ментол и ставете ладни облоги. Ако изгорениците се многу болни, консултирајте се со вашиот лекар.