Желбата за нова мундијалска афирмација на Македонија може да почне да се реализира вечерва, од 20.30 часот кога ќе почне натпреврот со Норвешка. Тоа ќе биде прв од трите средби во нашата група Ф, во Краков, во која се уште и Холандија и Аргентина.
Норвежаните не се најпогоден ривал за старт на едно првенство, не само поради нивната актуелна квалитетна генерација, која нишани на медал, туку и поради традицијата која вели дека не поминуваме најпријатно со нив.