Рики Мартин и Џон Џосеф, кои имаат заедно имаат две деца – Рен (3) и Лусиа (4), сакаат време за себе во шестгодишниот брак, но ветија дека ќе одржат здрава семејна динамика за доброто на своите деца.
Според магазинот People, Рики ќе остане со своите 14-годишни синови близнаци Матео и Валентино, кои ги имаше како самохран родител пред да ја почне врската со Џон.
Поранешниот пар испрати заедничка изјава за магазинот: „Решивме да ставиме крај на бракот со љубов, почит и достоинство за нашите деца и ценејќи го сето она што го искусивме како пар сите овие прекрасни години“.
„Наша најголема желба сега е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска фокусирана на мир и пријателство за да продолжиме со заедничкото воспитување на нашите деца зачувувајќи ги почитта и љубовта што ги имаме еден кон друг“.
Рики (51) првпат се поврза со 38-годишниот уметник на Instagram во 2015 година, а врската ја почнаа шест месеци подоцна кога се сретнаа лично во Лондон, со што нивната романса беше официјализирана на црвениот тепих на свечената гала Аmfar Inspiration 2016