Пејачката, дизајнерка и бјути могул е успешна во сè што прави, па дури и во рекламирање на своите производи.
Во тоа дополнително нè увери и со својата објава на Инстаграм каде го претстави новиот кармин од својот бренд „Fenty Beauty“, кој ќе излезе по повод Валентајн.
Во духот на денот за вљубените, карминот доаѓа во розова нијанса, во која Ријана за реклама на Инстаграм одличила да се облече од глава до пети и да позира со розов автомобил.
Освен што покажала како изгледа карминот нанесен на уста, го усогласила со краток топ и сјајни хеланки од латекс во истата боја и со своите стомачни мускули и заносни облини ги „запалила“ социјалните мрежи.
За помалку од 24 часа, фотографијата собрала речиси 3 ипол милиони лајкови, а оваа бројка непрестајно расте. Ријана во коментари добила комплименти за својот изглед и за новиот кармин, па сигурни сме дека ова ќе биде уште еден хит од нејзиниот бјути бренд.