Тинејџер од Охајо, САД, трагично почина откако се предозирал со лекови за алергии кои се продаваат без рецепт додека се обидувал да го предизвика TikTok.
„Њујорк пост“ пишува дека 13-годишниот Џејкоб Стивенс учествувал во Тикток предизвик наречен ,,Бенадрил”, во кој учесниците земаат 12 до 14 антихистаминици, шест пати повеќе од препорачаната доза, за да предизвикаат халуцинации.
Таткото на Џејкоб, Џастин, изјави дека неговиот син минатиот викенд бил дома со пријателите кога се предозирал. На видеото кое го снимиле неговите пријатели, се гледа како тој пие апчиња, по што неговото тело почнало да се грчи. Џејкоб потоа бил итно пренесен во болница и ставен на респиратот. И покрај максималните напори на лекарите, момчето починало шест дена подоцна.
Таткото: Лекарите рекоа дека Џејкоб никогаш нема да ги отвори очите
„Тие рекоа дека можат да го држат на респиратор, може да лежи таму, но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш да не дише, да се насмее, да оди или да зборува“, рекол разочараниот татко, чии зборови ги објави „Њујорк пост“.
Семејството на Џејкоб апелира до родителите да внимаваат што прават нивните деца на социјалните мрежи и да не го користат социјални мрежи без нивен надзор.
„Внимавајте што прават на нивниот мобилен телефон. Разговарајте со нив за ситуацијата. Сакам сите да знаат за мојот син“, нагласи таткото, кој исто така бара од фармацефтите да стават старосни ограничувања за лековите што се издаваат без рецепт.
За жал, Џејкоб не е првата жртва на предизвикот ,,Бенадрил”. Во август 2020 година, 15-годишно девојче се предозирало со лекови за алергија и починало. По серија смртни случаи, производителот на лекот, Johnson & Johnson, предупреди дека предизвикот ,,Бемадрил” на TикТок е крајно загрижувачки, опасен и треба веднаш да се прекине.
Пронајдете не на следниве мрежи: