Родителите на загинатите деца кај Смилковско огорчени од Заев

Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро неодамна изјавија дека биле повеќе пати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто.

-Ние со нервоза го следиме процесот, ама добро го познаваме случајот, колку работи можеме да игнорираме и не можеме нормално да живееме ние како вчера да се случи случајот и нормално нема живот во нас. Цврсто сме убедени дека овие се убијците, вели Горан Накевски татко на едно од петте загинати деца.

Инаку во овој процес Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се прво обвинети и осудени како извршители на петкратното убиство кај Смилковското езеро извршено на велики четврток 2012 година.

Накевски вели и дека Заев пет месеци за време на изборите се рекламирал со нивниот случај.

-Господинот Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај и ни пушти порака дека ќе ни ги даде тие пет броеви чувани како државна тајна, ама ништо од тоа до сега. Неговата гаранција видовте колку вреди, истакна Накевски.

Таткото пак на друго од петте деца убиени кај Смилковското вели дека се огорчени од Заев и неговото ветување.

-Ние сме огорчени од самиот Заев, бидејќи многу ни ветуваше и на крајот ништо. На денот на убиството беше велики четврток, тука се многу работи во игра, не може некој без никоја причина да пука во деца, вели таткото на друго дете убиено кај Смилковското.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.