Родната куќа на Хитлер станува полициска станица

Куќата во Австрија во која е роден Адолф Хитлер ќе стане полициска станица, јавуваат официјални лица.
Министерот за внатрешни работи Волфганг Пешорн истакнал дека тоа ќе биде правилен сигнал дека имотот не го слави нацизмот.
Првите неколку недели од животот, Хитлер ги поминал во стран во зграда од 17 век. Судбината на објектот бил тема на долга расправа.
Владата децении наназад го изнајмувала објектот од сопственикот во обид да го запре екстремно-десничарскиот туризам.


Објектот некогаш бил дневен центар за лица со инвалидитет, а планот зградата да се претвори во центар за бегалци во 2014 исто така не успеал. Со принуден налог за купување Владата во 2016 година го превзема сопствеништвото по цена од 810.000 евра.
Министерот изјавил дека објектот „во иднина ќе го користи полицијата и треба да испрати порака дека овој објект веќе никогаш нема да евоцира спомени на нациосоцијализмот“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.