Посетителите на забавниот парк биле принудени да се спуштат 60 метри по ролеркостерот, откако механички проблем ги оставил заглавени на највисоката точка.
Луѓето се возеле, кога тој неочекувано закочил.
Механичкиот дефект предизвикал нервозна евакуација бидејќи посетителите биле принудени самите да одат по скалите без ништо друго освен тенката метална ограда за која се држеле.
Инцидентот се случил во Седар Поинт во Охајо – еден од главните забавни паркови во државата за љубителите на ролеркостери.
Магнум XL-200, познат по својата рекордна висина, достигнува вртоглави 62 метри и ја носи престижната титула „Гинисова книга на рекорди“ по својата висина, се наведува на веб-страницата на тематскиот парк.
Очевидци раскажуваа за морничавата ситуација додека гледале како персоналот ги води посетителите по огромната структура.
„Никогаш не сум видел вакво нешто да се случи досега“, раскажа сведок на настанот.