Роналдо влезе во ледена вода за Божиќ, фановите се чудат како издржа толку долго ( Видео )

Кристијано Роналдо одлучи овогодинешните празници заедно со семејството да ги помине на северот на Европа, во прекрасната Финска. Славниот Португалец моментално ужива во магичниот зимски амбиент на Лапонија, а на своите фанови им создаде посебна атмосфера објавувајќи блог од ова необично патување на својот канал на Јутјуб.Еден од најинтересните моменти кои ги сподели со своите следбеници е видеото на кое се гледа како влегува во мал базен и тоа на екстремно ниска температура од -2 Целзиусови степени. Иако повеќето би се откажале од ваков предизвик, Роналдо делуваше целосно опуштено, што не е чудно со оглед на тоа што е познат по тоа што користи ниски температури за да го регенерира своето тело по напорните тренинзи. Современите спортски уреди за обновување кои често ги користи му помогнаа да се прилагоди на овие услови.Роналдо остана во ледената вода околу една минута , а потоа излезе со насмевка на лицето, покажувајќи уште еднаш зошто важи за еден од најдисциплинираните спортисти во светот. Во еден момент се обидел да го убеди својот син Кристијано Роналдо Јуниор да му се придружи, но малиот не бил подготвен за тој предизвик.– Се чувствува ладното – напиша Роналдо со објава која привлече големо внимание кај неговите фанови.It’s just a little cold 🥶😂Watch my complete family trip video: https://t.co/hUJ1n3v0h1 pic.twitter.com/5yOUzeVvEb— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) December 24, 2024Потсетуваме, Роналдо моментално настапува за Ал-Наср, додека има пауза во Премиер лигата на Саудиска Арабија. По 13 одиграни кола неговиот тим се наоѓа на четвртото место на табелата.

Пронајдете не на следниве мрежи: