Роналдо го напушти Дубровник, а начинот на кој се збогувал со персоналот на вилата покажува каков човек е

После продолжениот викенд поминат во Дубровник, Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го напуштија хрватскиот пристанишен град. Во Хрватска пристигнале во неделата, а престојувале во најелитната вила во Дубровник.

 

View this post on Instagram

 

Meillä loma @juttasurakka kanssa vielä jatkuu, toiset lähtee tästä hotellilta jo töihin.. #dubrovnik #ronaldo

A post shared by Tomi Surakka (@tomisurakka) on


Вечерале во познати луксузни ресторани, а секаде каде што се појавиле привлекле големо внимание. Дури и нивното напуштање на вилата предизвика големо внимание, а на снимката која ја сними еден корисник на Инстаграм се гледа како Роналдо срдечно се поздравува со персоналот на вилата, додека Џорџина побрзала да влезе во автомобилот.

Џорџина и Роналдо пристигнале во Дубровник со приватен авион, кој според хрватските медиуми чинел 32 милиони евра.
Авионот не е во сопственост на Роналдо, туку го изнајмил по цена од 6.000 евра за еден час.
Тие престојувале во луксузна вила во Дубровник во која претходно престојувале личности како Џејми Фокс, Елизабет Тејлор, Ричард Бартон и Софија Лорен. Тоа елитно сместување чини околу 7.000 евра од ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.