Роналдо за домашни трошоци месечно издвојува по 100.000 евра

Португалската фудбалска мегаѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез се еден од најпопуларните и најбогатите парови во светот.
Шпанска „Марка“ објави дека Кристијано Роналдо на Георгина ѝ уплаќа 100.000 евра месечно за потребите на домаќинството.


Треба да се напомене и дека Роналдо минатата година во „Манчестер Јунајтед“ заработи 120 милиони евра.
Се проценува дека и самата Георгина како инфлуенсерка заработува околу 8 илјади евра месечно.
Со Роналдо веќе имаат едно дете, ќерката Алана, а моментално чекаат близнаци.
Роналдо има уште три деца – Ева, Матео и Кристијано, а тие се родени од сурогат мајка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.