Роналдо: Мислев дека на 35 години ќе бидам рибар, а не фудбалска ѕвезда

Кристијано Роналдо вчера го прослави 35. роденден, но и покрај тоа Португалецот доминира на теренот и е најдобар фудбалер на Јувентус.
Роналдо во кариерата освои пет трофеи во Лигата на шампиони, пет „Златни топки“ и многу рекорди, но вели дека не сонувал за такво нешто.
„Кога бев дете, мислев дека на 35 години ќе бидам рибар. Не можев ниту да сонувам дека ќе имам фудбалска кариера. Не беше лесно, патот беше тежок, но се исплатеше на крајот. Шесто финале во ЛШ? Зошто да не? Јувентус е добар тим и можеме да стигнеме до крајот“, порача Роналдо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.