РУСИТЕ ИЗГУБИЈА ПЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ВОЈНИ ОД УКРАИНЦИТЕ ВО БАХМУТ: Официјален претставник на НАТО даде шокантна проценка за ситуацијата на бојното поле

Официјален претставник на Северноатлантскиот пакт (НАТО) за Си-Ен-Ен изјави дека Русија изгубила пет пати повеќе војници од Украина за време на битката за Бахмут.

Сепак, функционерот предупреди дека ова е проценка заснована на разузнавачки информации.

РУСИТЕ ИЗГУБИЈА ПЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ВОЈНИ ОД УКРАИНЦИТЕ ВО БАХМУТ: Официјален претставник на НАТО даде шокантна проценка за ситуацијата на бојното поле

Официјалниот претставник додаде дека Украина трпи големи загуби во Бахмут.

Русите тврдат дека контролираат 50 отсто од Бахмут

Јан Гагин, советник кој Москва го постави на чело на окупираниот дел од регионот Доњецк, изјави за руската државна новинска агенција Тас дека руските сили контролираат околу половина од Бахмут.

  • Не ја исклучувам можноста украинските војници да се обидат да ја пробијат нашата одбрана за да го заземат градот. Забележавме дека мали групи луѓе хаотично се повлекуваат од градот – изјави Гагин.

Гагин, исто така, тврдеше дека руските сили ги контролираат сите асфалтирани патишта околу градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.