Русите објавија шокантната вест за повлекувањето од Днепар! Неколку минути подоцна се случи нешто многу чудно!

Емитувањето на лажна објава за „прегрупирање“ на руските војници во реонот на Днепар, наводно во име на прес-центарот на руското Министерство за одбрана, е провокација, соопшти денеска руското Министерство за одбрана за РБЦ.

Руските државни агенции ТАС С и РИА Новости утринава известија дека Русија „ги преместува војниците на поповолни позиции источно од реката Днепар“.

Неколку минути подоцна веста била повлечена со образложение дека е емитувана по грешка, пишува порталот.

Руското Министерство за одбрана претходно неколку пати објави дека се спречени обидите на украинските војници да го преминат Днепар и да ИЗЛЕЗАТ на левиот брег на реката, која е под контрола на руската армија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.