Русите открија што ја чека Украина по пристигнувањето на француските ракети

Одлуката на Франција да испрати ракети со долг дострел во Украина е погрешна и полна со последици за украинската страна, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој додаде дека останува да се види колкав е опсегот, пренесува РИА Новости.
– Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, полна со последици за украинската страна, бидејќи таа, се разбира, ќе не принуди да преземеме контрамерки – изјави Песков, пренесува РИА Новости.

Русите открија што ја чека Украина по пристигнувањето на француските ракети

Песков рече дека одлуката на Париз нема да влијае на текот на „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува војната во Украина.

  • Уште еднаш го повторуваме принципиелниот пристап кон ваквите одлуки: овие одлуки не можат да влијаат на текот на настаните во рамките на специјалната воена операција. Тие можат само да ја отежнат судбината на режимот во Киев – додаде Песков.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно во Вилнус изјави дека Париз ќе и обезбеди на Украина ракети со долг дострел, без да прецизира кои проектили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.