Постои ризик руската економија да клизне во рецесија при остриот пад на цените на суровини на светските берзи, поради што руската влада ќе размотри дополнителни мерки, но и натаму ќе се придржува на неодамна усвоените фискални правила, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.Неговата изјава уследи откако пред неколку дена руското министерство за економија ја снижи проценката за раст на руската економија годинава од 3,6 на 2,4 отсто, наведувајќи ги како причина слабиот извоз, оскудните инвестиции и забавување на личната потрошувачка.Во своето обраќање во долниот дом на рускиот парламент, Медведев денеска изрази загриженост поради влијанието кое на руската економија би можеле да го имаат цените на суровините и забавувањето на глобалниот економски раст.Тој најави дека наскоро претседателот Владимир Путин ќе одржи заеднички состанок со владата и експертите за тоа како поттикнувачки мерки треба да се применат со цел да се поттикне економски раст.Негативниот економски тренд во русија се интензивираше на почетокот на годината. Рускиот БДП во јануари порасна за само 0,9 отсто, а во февруари падна за 0,1 отсто.
МакфаксПостои ризик руската економија да клизне во рецесија при остриот пад на цените на суровини на светските берзи, поради